Добредојдовте!



Јавањето на коњ е предизвик, возбудлива авантура и искуство за паметење! Дружењето со овие племенити животни, грациозни и убави а истовремено силни и горди е вистинско уживање.


Придружете се кон коњичкиот клуб „СВ. Спас“ јавајќи на коњ откријте ги убавините на Вевчанскиот крај, прекрасната живописна природа на планината Јабланица па се до излетничкото место „Јанков Камен“ на 1200 метри надморска височина и уживајте во глетката, чистиот воздух свежата вода и чудесните бои на Јабланица!